НЕДОПРЕНА ПРИРОДА
СО СЕКОЈА ЛАЖИЧКА
Грижливо собрана од Беровскиот регион,
со многу љубов и внимание
НАШАТА ПРИКАЗНА
- Пчеларската фарма ШУ-МИ ДОО Берово е основана некаде во средината на 19 тиот век, од првиот пчелар во Фамилијата Шуперлиски - Ѓорѓи Шуперлиски.
- Од тогаш па се до ден денеска пчеларството во оваа фамилија е носечки бизнис и се предава на секоја нова генерација. Во меѓувреме со промената на генерациите се менуваат и технологиите на пчеларење како и пристапот кон пчелите од еколошки, социјален и економски аспект.
- Постојаното инвестирање во модерни технологии на пчеларење во комбинација со искуството генерирано со генерации е гаранција за квалитет на нашите производи кои исто така се едниствени и неповторливи и по своите органолептички карактеристики.
ОРГАНСКО ПЧЕЛАРЕЊЕ
Технологија на
Пчеларење
- безбедна технолошка опрема
- опрема која не остава резидуи во медот
- целосно изработена од нерѓосувачки челик
Методи на
Пчеларење
- сертификат за органско производство
- без никакво загадување
- без прихрана со шеќер
- без користење на хемиски фарби
- восок од сопствено производство
Уникатна
Локација
- "30км од најблискиот автопат
- 910м надморска висина
- недопрена дабова и букова шума
ПРЕМИУМ ПРОДУКТ
,, ПРЕМИУМ ОРГАНСКИ ШУМСКИ МЕД”
- Нашиот Mед потекнува од недопрените Малешевски планини полни со диви цвеќиња и дабови дрвја, надополнети со богатата плеада од различни чаеви познати и непознати по нивните исклучителни здравствени придобивки. Пчеларникот се наоѓа длабоко во планината каде на радиус од 27 километри, нема никаков асфалтиран пат или каква било форма на загадување. Оваа недопрена природна средина гарантира дека секоја капка од нашиот мед ја отелотворува чистата недопрена убавина на природата.
- Овој мед по карактеристиките и состојките е најсличен до медот Манука, кој е познат по моќните антивоспалителни, антивирални, антибактериски и антиоксидантски својства.
ПРЕТПЛАТИ СЕ!
НАШИ ПАРТНЕРИ
“Онлајн Продавница за органска и здрава храна, козметика и пијалоци.”
““Онлајн супермаркет со повеќе од 8000 производи достапни за бесплатна достава за два часа.”
““Нашата мисија е да ги донесеме најдобрите производи во домот на купувачите кои посакуваат квалитет, автентичност и традиција во сите состојки со кои се подготвени.”
“БЛОГ
Здрави рецепти со мед
Зашто секој мед има различна боја
Како медот го добива природниот вкус